Затворени аеродромите во Москва, Русија тврди: Украина не нападна со дронови

Сподели со своите пријатели

Трите најголеми московски аеродроми рано утринава го суспендираа пристигнувањето и полетувањето на авионите, јави руската новинска агенција ТАСС.

Loading...

„Воздушниот простор е затворен над Внуково, Шереметјево и Домодедово“, изјави неименуваниот функционер.

„Влезните летови се суспендирани, а појдовните летови се одложени“, додаде тој.

Вчера и денеска Русија извести за серија напади со украински беспилотни летала, вклучително и над Москва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека руската армија рано утринава соборила два борбени дрона западно од главниот град на Русија.

„Дроновите беа соборени над градот Красногорск и населбата Части“, рече тој.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека армијата синоќа околу 23 часот по локално време соборила два украински беспилотни летала над Црното Море, на 40 километри северозападно од Крим. Исто така, објави дека рано утринава за два соборени беспилотни летала во областа Брјанск, која граничи со Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сè за ракетите што ја соборија германската влада: Можат да ја погодат и Москва!

 

Loading...