Една старица ги запрепасти лекарите кога им се обрати со ирасток на главата која изгледа како рог.
Инаку старицата во селото ја викаат „жена еднорог“ затоа што има чуден израсток долг 13 сантиметри, а медицинските лица не можат да ги откријат причините за појавата на истиот.
Ленг Ксиузен живее во кинеската провинција Сичуан и има 87 години.
Според зборовите на нејзиниот син, таа имала нешто што личело на црна бемка, која се појавила пред седум-осум години.
Пред две години израстокот бил со големина на мал прст, а кога старицата случајно го скршила „рогот“ во фебруари оваа година додека ја миела косата, тој започнал да расте.
Сега таа тешко спие поради болки, а израстокот од време на време знае да крвари.
Лекарите во Сичуан овие симптоми ги дијагностицирале како „кожен рог“, насоберен креатин кој твори во надворешниот слој на кожата.