Во Основниот суд Скопје 1 денеска започнува судскиот процес за 29-те лица обвинети за тероризам, кои во мај минатата година предизвикаа вистинска војна со полицијата во кумановската населба Тоде Мендол.
Сите 29 обвинети се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” од чл. 394-а и „тероризам” од чл. 394-б од Кривичниот законик на Република Македонија, иако кон крајот на минатата година истите се изјаснија за невини.
Инаку на 9-ти и 10-ти мај минатата година при голем судир на околу четириесетина добро организирани и наоружани лица со полициските сили настана вистинска мала војна која траеше со часови. Загинаа осум полициски службеници и 10 терористи. Од тогаш до сега изминаа точно 10 месеци, но нема конкретни информации за мотивите на групата.