Започна реконструкцијата на улицата „Никола Тесла“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од вчера течат градежните активности за реконструкција на регионалниот пат „Никола Тесла“ во Куманово во должина од 1,4 километри.

Loading...

 

 

Денеска увид во градежните работи извршија градоначалникот Максим Димитриевски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

 

 

Loading...

Како што истакна градоначалникот Димитриевски, станува збор за патна траса која е дел од државните патишта и со реконструкцијата ќе се реши децениски проблем.

– Во оваа прилика како градоначалник сакам да искажам задоволство  и благодарност до Владата и Јавното претпријатие за државни патишта и менаџерскиот тим што се најдоа заедно со општината овој децениски проблем заедно да го решаваме. Претходно на оваа траса Општина Куманово во соработка со Министерството за транспорт и врски реинвестираше, комплетно го реконструираше водоснабдувањето на оваа траса, а дополнително се надевам во иднина дека со заеднички напори ќе најдеме сили да ја завшриме целата траса која тргнува од овде од Врањско џаде па се до стариот Граничен премин Табановце, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  61-годишен кумановец ја нападнал својата сопруга

 

 

За побезбедно движење на пешаците, како што рече Димитриевски нарачана е документција за уредување на тротоарот и од десната страна на патот.

– На една страна има општината изградено тротоари, на другата како што гледате нема. По завршување на оваа активност од ЈПДП, веќе имаме нарачно комплетна документација за уредување и на тротоарот од десната страна на пат кој е многу фрекфентен, бидејќи тука се наоѓа и Земјоделското училиште и поголем дел на села и ќе работиме и тоа ќе го вградиме во следната развојна програма за 2026 година, додате тој.

 

Loading...

 

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски вели дека покрај реконструкцијата на  автопатите, магистралните, експресните патишта, не се заборавени и регионалните патишта, а еден од тие е токму улицата „Никола Тесла“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наскоро започнува изградбата на нов кружен тек, Спортската сала Куманово при крај (ВИДЕО)

– Рехабилитцијата ќе биде во должина од 1400 метри со променлива ширина од 6,5 до 9 метри или вкупна површина асфалтна која ќе биде поставена е околу 10.000 метри квадратни. Вкупната инвестиција е преку јпдп е 20 милиони денари, изјави Трајановски.

 

 

Во меѓувреме, како што додаде Трајановски, започната е реконструкција на патот Бељаковце – Клечовце, во вредност од 35 милиони денари.

Loading...

– Откако ќе завршат овие два пата, ќе почне реконструкција и на патот од Пчиња до Вак’в или вкупната инвестиција на ЈПДП во општина Куманово ќе биде 85 мииони денари, изјави директорот Трајановски.

 

 

Како што додаде тој, ЈПДП за реконструкција на овие регионални патишта во рамките на програмата за 2025 година, а со договор со ЈП „Македонија пат“ има планирано и предвидено 700 милиони денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автопатот Куманово – Скопје во иднина ќе биде приоритет за реконструкција (ВИДЕО)

Никола Ивановски

Loading...