Кумановските пожарникари вчера со неколку интервенции

Сподели со своите пријатели

Неколку интервенции имале кумановските пожарникари во текот на вчерашниот дел, од кои повеќето биле на локалитетот „Прмакови ниви“.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била пријавена околу 11:50 часот над Споменик Костурница, односно локацијата „Прмакови ниви“.

На локацијата грела сува трева, при што интервенирале двајца пожарникари и околу 12:40 часот, огнот бил изгаснат.

Но, вчеравечер на истата локација повторно избувнал пожар.

– По првата успешна интервенција, пожарот повторно се активираше и беше пријавен во 22:07 часот, а беше целосно ликвидиран во 01:25 часот. Во втората интервенција учествуваа едно противпожарно возило и 2 пожарникари, информираат од РЦУК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  66-годишна кумановка нападната од своите внуци

Интервенција, пожарникарите имале и на улицата „Драги Шутевски“,  каде орела сува трева.

Интервенирале двајца пожарникари во период од 17:55 до 18:20 часот.

Во моментов нема активни пожари.

Никола Ивановски