Реконструкцијата на водоводната мрежа на „11 Октомври“ влегува во завршна фаза (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „11 Октомври“ во Куманово е во завршна фаза, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Според него, со оваа инвестиција ќе се обезбеди посигурно и поквалитетно водоснабдување за граѓаните, а по завршувањето на градежните работи ќе следува целосна санација на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

 

 

Проектот се реализира на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до улицата „4 Јули“, каде се врши замена на дотраената водоводна инфраструктура со цел подобрување на водоснабдувањето и намалување на загубите на вода во овој дел од градот.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  66-годишна кумановка нападната од своите внуци

 

Со реконструкцијата треба да се обезбеди поквалитетно, постабилно и посигурно водоснабдување за жителите и деловните објекти долж оваа фреквентна сообраќајница.

– Продолжуваме со реализација на проекти што ја унапредуваат комуналната инфраструктура и квалитетот на живот во нашиот град, порача Димитриевски.

 

 

Од Општина Куманово посочуваат дека реконструкцијата е дел од пошироките активности за модернизација на комуналната инфраструктура, а со реализацијата на проектот ќе се подобрат комуналните услуги и ќе се создадат услови за понатамошен инфраструктурен развој на градот.

 

 

Проектот е дел од низата инвестиции насочени кон обновување на водоводната и канализациската мрежа, како и унапредување на градската инфраструктура во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските пожарникари вчера со неколку интервенции

Никола Ивановски