Од утринава започна поставувањето на новогодишните украси во централното градско подрачје на Куманово.
Се поставуваат нови украси кои ги набави Јавното претпријатие „Куманово паркинг“, но и оние кои беа набавени изминатите години.
– Моментално што гледаме се новите елементи кои стигнаа од утринава. Тендерската постапка е неполни три милиони денари со украсување, со нови елементи и демонтажа. Старите ќе ги наместиме во текот на денот или утре и планираме во следните два до три дена, не можам да кажам кога, да светне градот. Имаме изненадување и со една улица, тоа не би го откривал сега, изјави директорот на ЈП „Куманово паркинг“ Андреја Маџовски.
Дел од украсите ќе бидат поставени и на малиот градски плоштад, а екипи работат и на поправка на оние кои минатата година биле делумно оштетени.
Општина Куманово од пред неколку години одлучи да ја прекине праксата за изнајмување на новогодишни украси и одлучи секоја година да оделува по малку средства за да си набави сопствени.
Директорот Маџовски смета дека таа одлука е исправна затоа што секоја година градот ќе има се повеќе сопствени украсни.
Се очекува градот предновогодишно да блесне во следните два до три дена.
Никола Ивановски