18.01.2018 02:54

Замрзната гробница пронајдена во Сибир: Во неа остатоци од кралското семејство? (фото+видео)

Facebook Twitter Google+

Археолозите кои работат во јужниот дел на Сибир пронашле недопрени замрзнати гробници во кои постои можност да се погребани припадници на кралското семејство Ситијан. Оваа гробница постои веќе 2.800 години и поголема е од фудбалски терен. Се смета дека би можела да биде најстарата и најголема во регионот.

Ситијаните биле номадски народ кој доминирал во евроазиските степи од деветиот век пред новата ера па се до првиот век п.н.е.

Во Мексико пронајдена масовна гробница со 32 тела

Биле атусајдери, но и големи борци. Кога во петиот век пред нова ера пишува Херодот, тој тврдил дека тие правеле капути од своите жртви, а дека нивните костури ги користеле како чаши.

Иако овој народ не градел населби, зад себе оставиле бројни гробници кои се исполнети со накит, оружје, злато, богато декорирани шолји (на некои се пронајдени дури и траги од опиум) како и бројни други предмети.

 

Loading...

 

Многу гробници биле направени на трајно замрзнати земјишта, а аерхолозите во нив откриле замрзнати мумии.

Од седумдесетите години на минатиот век, аерхолозите истржауваат неколку гробници во долината на Ујук и Тува, руска рекпублика северозападно од Монголија. Ова подрачје понекогаш го нарекуваат и сибирска „Долина на кралството“, како што во Египет се нарекува местото каде пред 500 години биле погребани фараоните.

За време на ископувањето на планината позната како Аархан 2 кон почетокот на 2000 години, аерхолозите пронашле неоштетена гробница каде се наоѓало тело на маж и жена, но и околу 9.000 златни предмети.

Во гробница во Египет пронајдена мумија стара 3.500 години (фото)

Гино Каспари, археолог од Универзитетот во берн, пребарувал низ сателитските снимки околу оваа гробница. Следниот чекор бил да се посети споменикот, а швајцарско-руската експедиција ја минала оваа локација во 2017. година.

Според нивниот извештај забрзнатата гробница очигледно била поштедена од грабежи поради тешко достапната локација.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments