Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици

Сподели со своите пријатели

Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА.

Loading...

Досегашните закани беа поврзани со станици во главните градови на различни федерални земји, рече тој.

„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, додаде портпаролот.

Синоќа биле упатени закани до станици во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, во вторник до главната станица во Линц, а во понеделник до главната станица во Грац.

Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин на неколку часа.

Е-пошта за подметнати експлозиви

Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозиви кои може да се активираат.

Засега не се пронајдени опасни предмети.

Австриските разузнавачки служби истражуваат низа закани.

Loading...

Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите.