Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Украина користела западни ракети, веројатно американско производство ХИМАРС, за да уништи мост на реката Сејм во областа Курск во Русија.
„Првпат, регионот Курск беше погоден од проектили од западно производство, веројатно американските HIMARS. Мостот на реката Сејм во областа Глушково беше целосно уништен, а доброволците кои му помагаа на евакуираното цивилно население беа убиени“, изјави Захарова во нејзиниот одговор на прашањата на медиумите, објавени на Телеграм.
Таа нагласи дека сите одговорни за тој напад ќе бидат најстрого казнети.
Вршителот на должноста гувернер на Курската област, Алексеј Смирнов, во петокот изјави дека вооружените сили на Украина уништиле мост на реката Сејм во округот Глушковски, Курска област.
На 6 август, вооружените сили на Украина започнаа напад врз областа Курск во Русија.