Загинатите полицајци во Диво Насеље добија спомен обележје (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Осумте припадници на Министерството за внатрешни работи кои го загубија животот во мај 2015 година во кумановско Диво Насеље денеска конечно добија спомен обележје.

Loading...

 

 

Емотивно и со солзи пред бистата со нивните фотографии цвеќе положија бројни делегации меѓу кои и нивните семејства.

 

 

Loading...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање рече дека по тој ден ништо не е исто за семејствата, другарите и колегите од САЕ „Тигар“ и ЕБР.

 

 

– Знам дека ова знаме на јарболот, наше, македонско не се вее од ветрот, туку од последниот здив на секој наш припадник кој загинал, чувајќи го!”, рече министерот Спасовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило

 

 

Loading...

Денешната прослава на Денот на Единицата за брзо распоредување се одржува во Куманово во нивна чест.

– Ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот за сите идни генерации. Споменот на нашите херои никогаш да не биде избришан од меморијата на времето. Хероите живеат вечно – нека им е вечна слава, рече Спасовски.

 

 

Во терористичкиот напад на 9 и 10 мај во Диво Насеље во Куманово животот згасна за Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Тие беа членови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Единицата за брзо распоредување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

текст/фото: Никола Ивановски