Загина американски бизнисмен, паѓајќи од 54 кат на зграда

Сподели со своите пријатели

Бизнисменот Дејл Чејни (46) загинал кога паднал од 54 кат на зграда во Њујорк. Пред трагедијата тој престојувал во познат локал лоциран на истиот кат, а како што пренесуваат медиумите претходниот ден побарал развод од сопругата.

Loading...

Ова се случи во средата, на 25 јануари, во 18:30 часот по локално време, а полицијата соопшти дека Дејл бил прогласен за мртов на местото на настанот, објави Дејли мејл.

Како што информираа од полицијата, се проверува дали се работи за самоубиство, а претходно беше соопштено дека Чејни и неговата сопруга имале две пријави за семејно насилство и дека главно се расправале за финансии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ова се гледа еднаш во 100 години!“: Кина погодена од застрашувачки поплави! (ВИДЕО)

Се огласи и сопственикот на барот во кој последен пат престојуваше Чејни.

„Навистина сме уништени од ситуацијата што се случи вечерва на покривот на нашиот локал. Сите сме со семејството и пријателите на починатиот“, изјави сопственикот Том Бландел.

Тој додаде дека цело време соработуваат со полицијата.

Во 2013 година, Чејни го основаше Т-стрит капитал, кој се занимава со капитални инвестиции и стратешки истраги, а исто така беше член на одборот и инвеститор во шест други компании во четири различни држави.

Инаку, ова е втор пат во последните четири месеци некој да скокне од покривот на истата зграда.

Loading...