Денешниот датум, 24 декември ќе остане во историската меморија на Македонија како ден кога власта на Никола Груевски брутално ја погази парламентарната демократија во Република Македонија, изјави на денешната прес – конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, навраќајќи се на денот кога пред три години, новинарите и пратениците од опозицијата беа исфрлени од зградата на Парламентот во време на донесување на Буџетот.
-
Прекршија Устав и закони. Ја искористија полицијата за да ги штити. Исфрлија новинари и пратеници од собраниската сала. Зад затворени врати тесната група околу Груевски го раскрчми Буџетот НА ГРАЃАНИТЕ. Тоа што го направија Груевски и неговите соработници тогаш, се обидуваат да го прават и сега. Затвораат врати за грѓанскиот сектор. Бркаат новинари од Анкетната комисија, каде треба да се соочат со вистината. Напразно се мачи Груевски. Граѓаните паметат и ќе паметат дека Никола Груевски и неговата насилна и расипничка власт се осмели да ги исфрла од Народниот дом. Спора, но тешка е раката на правдата. Таа правда ќе ја стигне братучедско – кумската власт и ќе биде поука, никој повеќе да не се осмели да чепне по правата на граѓаните.
Граѓаните на Македонија, Социјалдемократскиот сојуз и здружената опозиција го ставаат и Груевски во историската меморија на Македонија, истакна пред Собранието на РМ, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.