Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денес по одоложувањето на главната расправа за случајот “ПУЧ”, а по барање на специјалната обвинителка, даде изјава за медиумите, во која Заев обвинува дека се работи за конструиран, монтиран и случај доведен до ниво на апсурд.
Како што знаете јавно соопштив дека во врска со конструираниот, монтираниот и веќе доведен до ниво на апсурдност, случај „Пуч“, ќе се појавам на судско рочиште штом подпадне под надлежност на Специјалното јавно обвинителство. Пред десетина дена Специјалното јавно обвинителство не информира дека предметот „Пуч“ е под негова надлженост. Денеска на ова судење се појавивме затоа што стоиме на зборот. Но, она што е важно, Специјалното јавно обвинителство, како независна институција, роди надеж за сите граѓани на оваа држава дека се враќа процесот на вистината, на правдата. Јас верувам дека постојат огромен број на чесни професионалци во правосудниот систем на Република Македонија коишто ќе ја враќаат слободата, правдата, вистината и демократијата за сите граѓани на нашата земја. Јас сум убеден дека токму тие професионалци ќе бидат исправени пред историскиот момент пред којшто е исправена нашата земја, изјави Заев.
Loading...