За наше Куманово: Ќе продолжиме да се бориме за способни и непартиски директори на училиштата

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на здружението „За наше Куманово“ Стефан Петковски денеска на прес конференција ги отфрли тврдењата на ОО на СДСМ дека градоначалникот Максим Димитриевски врши притисок при избор на директори на основни училишта во Куманово.

Loading...

Вчера портпаролот на СДСМ Куманово, Александар Митрички рече дека градоначалникот не сакал да ја потпише одлуката за избор на директор на ООУ „11 Октомври“ која ја донел училишниот одбор.

Петковски, вели дека тоа не е вистина и дека „За наше Куманово“ се бори и ќе продолжи да се бори директори на училиштата да бидат способни, компетентни и непартиски луѓе.

Неговата прес конференција ви ја пренесуваме интегрално во продолжение:

 

 

„Во целост ги отфрламе тврдењета изнесени од страна на Општинска Организација СДСМ Куманово изнесени на вчерашната прес конференција, во која се тврди дека градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски врши наводен политички притисок при избор на директори во основните училишта во Куманово.

Loading...

Имено, тие обвинуваат за политички притисок, а всушност тие самите користејќи ја силата на централната власт по кој знае кој пат наметнуваат за директор на ООУ „11 Октомври“ партиски војник,  сега преку ресорниот министер за образование и наука, кој ја избра за директор актуелната директорка. Историјата се повторува, бидејќи не е прв пат на сила да се поставуваат директори директно од министри, веќе знаете што се случуваше со градинката Ангел Шајче. Со оваа одлука наместо до целосна децентрализација на институциите, повторно се враќаме на нивна целосна централизација. И уште нешто во врска во избор на директор во оваа училиште. До градоначалникот е пристигната петиција потпишана од страна на наставниците од ООУ „11 Октомври“, во која бараат од градоначалникот да се постави директор од редот на вработените, поради специфичноста во работа и моменталната состојба на училиштето. Вработените во петицијата сметаат дека лице од друго училиште  не ги познава состојбите, начинот на функционирање и работите на оваа училиште.

СДСМ го обвинува градоначалникот за непознавање и кршење на законот а тие се први кои не го почитуваат и вршат грубо кршење, за што за споменатиот случај имаме поднесено жалба до Државна комисија за одлучување во Управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, од која сеуште немаме добиено никаков одговор. Имено, Министерството за образование и наука донесе Решение за избор на директор на ООУ „11 Октомври“ – Куманово. Во точка 2 стои дека мандатот на новоименуваниот директор почнува да тече од денот на донесувањето на решението односно од 24.08.2023 година.

Се поставува прашање како е можно да се донесе Решение за именување  на директор со датум 24.08.2023 година каде веќе постои избран директор на ООУ „11 Октомври“, а чиј мандат е до 09.09.2023 г. Со тоа во училиштето се поставуваат два директори во исто време.

Училишниот одбор е самостојно тело на управување на училиштето и на градоначалникот доставува еден кадидат, кој доколку градоначалникот не го избере го избира министерот.

На прес конференцијата на СДСМ се посочува и основното општинско училиште „Крсте Мисирков“ дека често се менуваат вд директори поради наводно не прифаќање на кадри кои веќе имаат лиценци од редот на вработените. Точно е дека има наставници со положен испит за директор, но со истечени лиценци, а истите немаат можност да ги обноват и на ниво на Општина Куманово останаа само двајца не активни директори на кои им е активна лиценцата.

Но, за  училишниот одбор да има можност да избере директор треба да има повеќе кандати кои би можеле да се пријават, а не можат, бидејќи Државниот Испитен Центар одработува партиска агенда на СДСМ и не дозволува полагање на кандидати за директори скоро две години. Од страна на училишните одбори до градоначалниот константно пристигнуваат забелешки дека истите неможат да изберат соодветен кандидат за кои тие како тело сметаат дека е најкомпетентен да го води училиштето затоа што ДИЦ не дозволува полагање за директори, кои би можеле да конкурираат на јавениот оглас, а Училишните одбори ќе имаа можност да го избераат најсоодветниот. Кога станува збор и тука за законитоста има кандидати кои обуката за директор ја имаат ислушано уште во јануари 2022 година, а сеуште не им се дозволува да полагаат, иако законскиот рок предвидува полагање после 30 дена од успешно спроведената обука.

Како Здружение “За Наше Куманово” како и до сега и во иднина ќе продолжиме да се бориме за директори на училиштата да бидат пред се способни, квалитетни и компетентни не партиски директори кои ќе ги водат училиштата, а не по секоја цена да бидат поставувани партиски војници.

Овие јалови напади изнесени на прес конференцијата од страна на ОО СДСМ Куманово, се со цел дефокусирање на јавноста од погубните политики на централната власт кои целосно го урнисаа образовниот систем, без учебници и со концепции кои не се прифатливи ниту за наставниците, ниту за учениците, ниту пак за родителите“, рече Петковски.

Loading...