18-годишник од Куманово возел со над 2 промила алкохол, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишник ноќва бил приведен во кумановската населба Перо Чичо, откако полицијата констатирала дека возел со над два промила алкохол.

– На 26.08.2026 во 01:25 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.А.(18) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола запрено е патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека Д.А. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,02 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владата ги намалува цените на училишниот прибор до 15 проценти

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски