Приведен 36-годишник од Алгуња, возел нерегистриран „пасат“ без дозвола

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишник од селото Алгуња, општина Старо Нагоричане бил приведен откако полицијата констатирала дека возел автомобил кој не бил регистриран, а немал ниту возачка дозвола.

– На 25.08.2026 во 12:30 часот во село Алгуња, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода М.З.(36) од село Алгуња, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „ фолксваген пасат “ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит, а сообраќајната дозвола на возилото била со измината важност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се заменува оштетената сливна решетка на „Народна Револуција“ (ФОТО)

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено, додаваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски