Димитриевски: Над 30 инфраструктурни проекти ќе се реализираат во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово во следниот период ќе влезе во нов инвестициски циклус со повеќе од 30 инфраструктурни проекти, најави градоначалникот Максим Димитриевски.

Дел од проектите ќе продолжат и ќе бидат финализирани, додека други ќе се реализираат целосно од почеток.

Како еден од најкапиталните зафати Димитриевски ја издвојува целосната реконструкција на улицата „Индустриска“, која ја опиша како најголемата и најшироката улица на територијата на Општина Куманово.

Проектот ќе опфати целосна реконструкција на улицата, како и изградба на нови тротоари.

– Ќе имаме над 30 инфраструктурни проекти коишто ќе продолжиме да ги работиме или ќе ги завршиме или пак во целост од почеток ќе ги реализираме на територија на општина куманово еден од најкапиталните е комплетна и целосна реконструкција на улица „Индустриска“ којашто е најголема улица и најширока улица на територија на цела Општина Куманово, изградба комплетно на нови тротоари како и голем број на други проекти“, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владата ги намалува цените на училишниот прибор до 15 проценти

 

 

Меѓу позначајните инфраструктурни зафати кои се во тек е и реконструкцијата на улицата „Моша Пијаде“.

Работите таму опфаќаат повеќе елементи на инфраструктурата, меѓу кои изградба на нова фекална канализација, подземно поставување на каблите на кабелските оператори и нова електроенергетска инсталација.

Околу половина од трасата веќе е завршена, а целосното завршување на улицата е најавено за октомври.

Во завршна фаза е и реконструкцијата на улицата „Бајрам Шабани“. Проектот вклучува и нова атмосферска канализација со сливни решетки и дополнителни шахти, како и целосно нови тротоари, кои претходно не постоеле.

Покрај овие проекти, започнува реализацијата и на улицата „100“, за која е завршена тендерската постапка и избран е оператор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  65-годишен кумановец заразен со Западен нил, пациентот е стабилен (ВИДЕО)

Станува збор за еден од поскапите инфраструктурни зафати во градот, а на локацијата претходно е изграден и потпорен ѕид чија вредност била околу 300.000 евра.

Никола Ивановски