Вкупно 142 возачи биле казнети во текот на изминатата недела на подрачјето на Куманово.
Најголем број од казните биле за пребрзо возење, возење под дејство на алкохол, но и без возачка дозвола.
– Во текот на изминатата недела, СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 24 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Биле изречени казни и за 14 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи, 6 санкции за мотоциклисти за неносење заштитен шлем и 2 санкции за возачи кои управувале нерегистрирано возило.
Никола Ивановски