Како што пренесуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, реката Пчиња со мерно место во с. Пелинце, во текот на вчерашниот ден во 8 часот наутро изнесувала 47 сантиметри, за да истата 24 часа подоцна достигне водостој од 110 сантиметри.
Истата во текот на денешниот ден, односно мерењето извршено измеѓу 13 и 14 часот се искачила за уште 5 сантиметри, а последното мерење извршено измеѓу 16 и 17 часот покажува дека нивото на водата е во опаѓање и изнесува 100 сантиметри.
Нивото на реката Пчиња кај мерната станица кај Катлановска бања од вчерашните 93 сантиметри во 8 часот наутро за 24 часа нивото на реката се искачи на ниво од 124 сантиметри, за да во периодот измеѓу 13 и 14 часот се искачила на 140 сантиметри.
Сите водостои во Република Македонија се на рекордно високо ниво, откако дождот интензивно паѓаше во измиантите денови.