WP: Хамас му давал на Израел информации за Исламски џихад како дел од измама

Сподели со своите пријатели

Како дел од долгорочните планови за измама, за да ги убеди Израелците дека не сака конфликт, Хамас им дал разузнавачки информации за Исламски џихад, втората терористичка организација во Газа, пренесува „Вашингтон пост“.

Loading...

„Хамас му достави на Израел разузнавачки информации за Исламскиот џихад за да го зајакне впечатокот дека тие се заинтересирани за соработка“, изјави за весникот неименуван израелски безбедносен претставник.

Како што пренесува „Тајмс оф Израел“, соработката наводно настанала за време на мајската операција „Чувар на ѕидовите“, односно конфликтот меѓу Израел и палестинскиот исламски џихад.

Хамас остана надвор од борбите и забележа зголемени економски стимулации потоа, што ги наведе израелските власти да веруваат дека организацијата не е заинтересирана за конфликтот.

Ова му овозможи на Хамас да изврши напад врз Израел на 7 октомври, пренесува Танјуг.