Вучиќ: Ерменија и Азербејџан се пример колку се опасни замрзнатите конфликти

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека ситуацијата во светот е сложена, дека една мала земја која има проблеми со нејзиниот територијален интегритет мора да смета на тоа и дека целта на Србија е да ги одржи мирот и стабилноста „речиси по секоја цена“.

Loading...

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на почетокот на денешниот состанок со претставниците на Националната конвенција за Европската унија (НКЕУ), на тема за надворешната политика на Србија и дијалогот меѓу Белград и Приштина, тој кажа дека од пресудно значење е да се постигне договор со Приштина и да не се разгорат „страстите“ во Босна и Херцеговина.

– Случајот со Ерменија и Азербејџан покажа колку се опасни замрзнатите конфликти, што ја покажа и апсолутната немоќ на меѓународната заедница… И затоа сум против состојбата на замрзнати конфликти на Балканот, изјави Вучиќ.

Тој изјави дека за одредени меѓународни партнери дијалогот е важен само кога тие се обидуваат да ги реализираат своите интереси.

– Не мора да кажувам колку некои нè критикуваат (за наводно кршење) на Резолуцијата 478 на Советот за безбедност на ООН, во врска со Ерусалим, кои ги потсетив дека сите ја прекршиле Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН и дека немаат главоболка поради тоа. Тие имаат право да прекршат сè што сакаат и да се однесуваат во согласност со тоа, рече претседателот на Србија.

Тој додаде дека новата влада ќе ги рефлектира аспирациите за забрзан пристап во ЕУ и нема да се откаже од европскиот пат, иако повеќето земји-членки го признаа Косово.

Како најважни задачи во претстојниот период тој ги гледа „многу тешките, многу лошите“ разговори на темата Косово, кои дополнително се влошени со благите ставови на ЕУ кон Приштина.

– Ако не исполневме нешто седум и пол или осум години, подобро да не кажувам какви последици ќе имавме … Мораме да се навикнеме на тоа затоа што оние што го „лулкаа“ Косово од неговото настанување до адолесценцијата, што и да направи тоа непослушно дете, тие ќе бидат на негова страна, додаде Вучиќ.

Loading...

Тој порача дека ќе продолжи да инсистира на дијалог, на зачувување на српското население на Косово, со проценка дека во моментов во таа област живеат околу 95.000 Срби.

– Овие луѓе живеат од денес до утре… Затоа, сè додека сум претседател, ќе дадам се од себе да се доближиме до компромисно решение, иако ми се чини дека никогаш подалеку не сме биле, барем не по вина на Србија, оцени Вучиќ.

Оливер Бранковиќ, Србија

Leave a Reply