Како што јавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денешниот ден не очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб а повремено умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието и источните делови. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 16 до 22 степена.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна ќе достигне до 17-от степен.
Што се однесува до времетоо во текот на утрешниот ден ќе имаме сончево и релативно топло време, со мала локална облачност и со слаб ветерпретежно од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за слаба
утринска магла. Утринските температури ќе се движат во интервалот од -3 до 7, а дневните од 17 до 23 степени.
Промена на временската состојба се очекува за време на викендот кога ќе има зголемување на облачноста, а во недела и повремени локлани врнежи од дожд.