Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 1 степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.
Утре се очекува дожд, а потоа ќе следува период на постепен пораст на температурите, при што максималните ќе надминуваат 20 степени.
Никола Ивановски