Времето денеска: Претпладне сонце, попладне дожд

Сподели со своите пријатели

Претпладнево продолжува речиси без ниту еден облак, но попладне очекуваме локална нестабилност. Исата ќе услови развој на конвективна облачност која ќе донесе местимичен дожд и грмежи. Позачестен развој на оваа облачност се очекува во планинскиот дел од западниот регион, а нешто поретка појава на оваа облачност се очекува во планинскиот дел од југоисточниот крај.

Loading...

Максимална температура од 35°С до 37°C очекуваме во повардарскиот тек, околу 32°С во пелагонискиот и охридско – преспанскиот регион и околу 34°С во низините од источниот крај.

Во Куманово во текот на денот не очекува претежно сончево и топло време со температура до 33 степени целзиусови, додека во ноќта ќе настапи наоблачување и појава на дожд и грмежи што ќе ја намалат температурата на 18 степени.

Извор: МетеПро/AccuWeather