Вработените во ЈП Шумско стопанство сами гаснеле пожар кај Липковска брана

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на последните 48 часа, било интервенирано во два пожари.

Loading...

Во првиот случај, било пријавено дека во Општина Липково, с. Стрима гори опожарена ситно стеблеста дабова и букова шума, како и ниска трева на површина од околу пет хектари.

Во гаснење на пожарот учествувале вработени во ЈП Шумско Стопанство со петмина вработени, заедно со нивниот директор кои со две теренски возила делувале на лице место. Пожарот  бил пријавен  во  18,00. во недела, и бил гаснат  се  до  01,20 часот следниот ден. Според РЦУК, се очекува да се  формира  комисија која ќе излезе  на  лице  место  за  процена на  штета и востановување на опожарената  површина.

Втората   интервенција била пријавена во РЦУК од дежурно лице во  касарната  Боро  Менков кое во 16,20 во текот на вчерашниот ден пријавил пожар на  запалена  сува  трева во  с.  Доброшане, поточно од десната страна кај Искрин мост. Пожарот  бил  ликвидиран  во 18,30ч. Во интервенцијата учествувале четворица пожарникара  со едно  возило

Засега не е познато колкава површина била зафатена со пожарот, како и висината на настанатата штета, се вели во дневниот извештај на РЦУК.

Leave a Reply