ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Исламистите кои држат заложници во руски затвор го снимале убиството (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Затворениците кои убија стражари и земаа заложници во 19-тиот окружен затвор во регионот на Волгоград, цело време го снимале својат крвав пир со мобилни телефони!

На видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледаат исламисти како држат дел од вработените во затворот во чуварската канцеларија, која целосно ја демолирале, додека останатите повредени и убиени лежат на подот.

Сцените се застрашувачки, бидејќи над нив стојат тројца затвореници со ножеви.

На видеото што се појави на X-Network, може да се видат најмалку тројца униформирани мажи како лежат во локви крв, додека еден униформиран маж го држи во седечка положба човек кој држи нож.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Меркел: ЕУ мора да биде посилна за да преживее во светот на Русија, Кина и Трамп

Заложничката криза се случи на седницата на дисциплинската комисија кога како заложници беа земени неколку затвореници.

Според прелиминарните информации, загинал еден припадник на руската Федерална поправна служба.

Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за заложничката криза во затворот, кој се наоѓа во градот Суровикино во југозападна Русија.

Затворот е назначен како казнена колонија „строг режим“ и може да собере до 1.241 машки затвореник, според веб-страницата на затворската служба.

Затвореници со ножеви ги нападнале вработените во затворот на седницата на дисциплинската комисија.

Според руските медиуми, управникот бил ранет заедно со уште три лица, кои се пренесени во болница, јавуваат неофицијалните руски медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Литванија започна со обука и на деца за можен конфликт со Русија

Наводно, имам од Волгоград бил ангажиран да преговара со киднаперите, а киднаперите бараат хеликоптер и два милиони долари.