Возило излетало од патот кон ГП Пелинце, две лица повредени

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешко, откако авотомобил „ауди“ излетал од патот Младо Нагоричане – ГП Пелинце во селото Алгуња.

Loading...

– На 10.09.2023 во 07.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Младо Нагоричане-Граничен премин Пелинце, во атар на с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(20) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски