ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Одрони, кашест снег и влажни коловози

Сподели со своите пријатели

Поради отстранување на одрони во близина на село Истибања, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во прекин во двата правци, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Македонски Брод.  Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинските превои Стража и Буково, во Крива Паланка, Крушево, Делчево и Смојмирово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Leave a Reply