Вооружени напаѓачи во Сиера Леоне упаднаа во затвори и ги ослободија затворениците

Сподели со своите пријатели

Полициски час е воведен низ Сиера Леоне, откако вооружени напаѓачи вчераутро упаднаа во затворите и ослободија голем број затвореници.

Loading...

Претседателот Џулиус Маада подоцна изјави дека повеќето од оние кои стојат зад нападот се уапсени, пишува Би-Би-Си.

Маада во телевизиско обраќање рече дека тоа е нарушување на безбедноста и напад на демократијата.

Тој додаде дека властите ја вратиле смиреноста, но не наведе детали кои се сторителите и кои се нивните барања.

За време на неговото обраќање, тој внимателно избегнуваше да го нарече инцидентот обид за државен удар.

Политичката ситуација во Сиера Леоне е тензична од јуни, кога претседателот Јулиус Маада беше реизбран во вториот круг.

Меѓународните набљудувачи ги осудија недоследностите и недостигот на транспарентност при пребројувањето на гласовите, како и актите на насилство и заплашување.

Полициски час низ целата земја

По нападите на затворите, властите прогласија полициски час.

Loading...

Тие препорачаа жителите на целата земја да останат дома, а летовите од единствениот меѓународен аеродром во земјата беа откажани.

Засега не е познато колку затвореници ослободиле напаѓачите.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како луѓето бегаат од затворската област Central Pademba Road во Фритаун.

Се појави и видео од бегството на популарниот рапер Боса ЛАЈ, кој минатата година беше затворен поради обвинение за грабеж.

Би-Би-Си не можеше да ја потврди автентичноста на снимката.

Во август, неколку војници беа уапсени во Сиера Леоне и обвинети за заговор за државен удар против претседателот.

Осум земји во Западна и Централна Африка се под воена управа по серијата државни удари, вклучително и соседна Гвинеја.

 

Loading...