Вонредна состојба во Алјаска поради лизгање на земјиште, оштетени куќи и инфраструктура

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на Алјаска Мајк Данливи прогласи вонредна состојба по лизгањето на земјиштето кое предизвика евакуација во градот Кечикан.

Loading...

Тој изјави дека од свлечиштето во неделата се оштетени куќи и инфраструктура во градот.

„Им наредив на државните агенции да ги стават на располагање сите ресурси и персонал за да одговорат на оваа ситуација“, рече Данливи, според АП.

Засега нема извештаи за повредени.

Властите во еден град во југоисточна Алјаска издадоа наредба за евакуација на областа во близина на свлечиштето, а беше отворено засолниште во средно училиште.

Денеска во Кечикан се очекува да пристигне специјалист за одговор при итни случаи од Одделот за домашна безбедност и управување со вонредни состојби, како и персонал од федералниот оддел за транспорт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПЕСИМИСТИЧНИ ПРОГНОЗИ: До крајот на годината еврото ќе падне за седум отсто во однос на доларот!

Во Кечикан живеат околу 8.000 жители.