Глутница волци нападнале и тешко повредиле жена додека џогирала во сафари парк во близина на Париз, јавуваат француските медиуми.
Рано наутро во неделата, 36-годишна жена, која престојувала во куќа во паркот Тоири, залутала во главната Сафари зона, каде на луѓето им е дозволено да патуваат само со автомобил.
Ја нападнале три арктички волци и има каснувања по вратот, грбот и ногата.
Таа е префрлена на интензивна нега во болница.
Toiris, околу 40 километри западно од Париз, е еден од најпопуларните паркови за диви животни во Франција.
Има околу 800 животни кои можат слободно да се движат, а посетителите можат да ги гледаат од возило.
Паркот нуди сместување во куќи заштитени со електрични огради и ровови, а се наоѓаат во близина на дувла на волци и мечки, пренесува информативниот сајт Франс инфо.
Не е јасно зошто жената влегла во зоната на сафари само за автомобили.
Од управата на паркот засега не најавуваат ништо.
„Во оваа фаза не знаеме дали направила грешка или не ги знаела знаците“, изјавил неименуван полициски извор за весникот Parisijien.
Жената била спасена откако чуварите на паркот го слушнале нејзиниот крик за време на нападот и била пренесена во блиската болница.
Истрагата е во тек.