Војник и мигранти повредени при бркотница со криумчар во кумановско

Сподели со своите пријатели

Еден припадник на Армијата на Република Македонија и четворица мигранти биле повредени вчера при бркотница на полицијата и војската со криумчар на мигранти во кумановско.

Loading...

Триесет и четиригодишниот крумчар од Велес вчера бил приведен околу 13 часот во селото Ваксинце во Општина Липково.

Во возилото „крајслер“ со штипски регистарски, кое тој го управувал, биле пронајдени 16 лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници, велат од полицијата.

Претходно, на автопатот „Пријателство“, кај село Костурник, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и припадници на Армијата и продолжил кон село Ваксинце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

– Во селото тој изгубил контрола и удрил во брег до патот, по што се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, при излетувањето на возилото од патот, четири лица мигранти се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во болницата во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Со повреда, исто така, се здобил и припадник на АРМ при преземање мерки, по што и на него му била укажана помош во болницата во Куманово.

Мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар во Табановце, а М.Б. бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  79-годишник натепал полицаец во Куманово

Никола Ивановски