Воен авион се урна на Филипини, две лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Авион на филипинските воздухопловни сили се урна на фарма северозападно од Манила, при што загинаа две лица.

Loading...

Авионот SF-260 бил на тренинг лет од аеродромот Сангли во провинцијата Кавит јужно од Манила кога се урнал во оризово поле во провинцијата Батаан, изјави портпаролката на воздухопловните сили полковник Марија Консуело Кастиљо.

Воздухопловните сили соопштија дека привремено ја приземјиле својата флота од тренерски авиони СФ-260 ТП.

Авионот, кој беше во служба на Филипините од 1970-тите, служеше и како лесен борбен авион, вклучително и за време на неколкумесечни воздушни напади врз јужниот град Марави, откако беше преземен од милитантите лојални на Исламската држава во 2017 година.

Во тек е истрага

Полицискиот истражител Едгардо Делос Сантос по телефон од местото на настанот за Асошиетед прес изјави дека телата на двајца мажи биле извлечени од остатоците.

Воздухопловните сили приземјија други СФ-260, кои се користат за обука и операции против бунтовниците, рече Кастиљо.

Ќе се спроведе истрага за утврдување на причините за несреќата.

Да потсетиме, вчера на Филипините, приватната цесна која леташе со шест лица изгуби контакт со контролата на летот четири минути по полетувањето од аеродромот во северната провинција Изабела.

Loading...

Филипинските воздухопловни сили соопштија дека нивните хеликоптери не можеле да полетаат за да пребаруваат поради лошите временски услови.