ВОДИЧ ЗА ВИТАМИНИ: Во која храна ги има и како можат да нѐ заштитат?

Сподели со своите пријатели

Витамини се како генерали, има малку од нив, но тие се многу важни, најчесто неопходни и без нив, телото би се распаднало.

Loading...

Овие микроелементи им помагаат на ензимите да направат милиони хемиски реакции поврзани со растот, развојот и закрепнувањето непречено.

Витамините се поделени во две групи, растворливи во масти (витамин А, Д, Е и К) и растворливи во вода (витамин Ц, група на витамини Б).

Првите можат да останат во телото долго време, тие се акумулираат во црниот дроб, па затоа треба внимателно да се земаат за да не се појави хипервитаминоза.

Витамини растворливи во вода не можат значително да се складираат во организмот, тие се излачуваат по неколку часа, затоа мора да ги земаме секојдневно преку исхраната.

 

 

Loading...

Витаминот А игра клучна улога во зајакнувањето на имунитетот. Овој витамин, кој содржи бета каротен, покрај тоа што е добар за видот, многу е важен и за здрава кожа, коса, правилен раст и развој на коските и забите.

Може да го најдете во црн дроб, сирење, полномасно млеко, морска риба, моркови, магдонос, спанаќ, кељ, брокула, диња, кајсии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку често е нормално да одиме во тоалет?

Витаминот Б1 е одговорен за добра функција на мозокот, добро варење, здрави мускули, здраво срце и квалитетен сон.

Добар извор на овој витамин се цели зрна, тестенини и леб, квасец, млеко, црн дроб, риба, гевреци, зеленчук, овошје, ореви, бадеми, соја, кафеав ориз.

 

 

Витаминот Б2 е одговорен за регенерација на клетките, добар вид и здрави мускули.

Loading...

Добри извори се млеко и млечни производи, месо, црн дроб, соја, житарици, зелен зеленчук, авокадо, брокула и аспарагус.

Витаминот Б3 е неопходен за метаболизам на шеќери, масти и протеини, како и за производство на енергија и клеточно дишење.

Ќе го најдете во квасец, кикирики, месо, риба, црн дроб.

 

 

Витаминот Б5 е одговорен за добра меморија, добро расположение, брзо закрепнување после болест, здраво срце и крвни садови.

Може да се најде во разни видови месо, пилешко, жолчка, млечни производи, кавијар, мешунки, ореви, квасец, овесна каша, леќата, ориз, брокула…

Loading...

Витаминот Б6 помага во процесот на разградување на храната, во формирањето на хемоглобин (важен дел од црвените крвни клетки), го регулира нивото на шеќер во крвта и гради антитела кои се борат против болести.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Камилица - чај кој секогаш помага против несоница и депресија

Ќе го најдете во месо, црн дроб, квасец, риба, грашок, спанаќ, леќа, соја, јајца, банани, кикирики.

 

 

Витаминот Б12 е важен за правилно функционирање на нервниот систем, формирање на ДНК и црвени крвни клетки. Помага во намалување на ризикот од анемија.

Loading...

Може да го најдете во црниот дроб, бубрезите, школките, рибите, јајцата, млекото, сирењето.

Витаминот Ц има одлични антиоксидантни својства. Важен е за скоро сите процеси во телото, како што се разградување на протеини и синтеза на невротрансмитери.

Добри извори на овој витамин се калинка, црвен пипер, кељ, брокула, спанаќ, пршута, кисела зелка, домат, портокал, лимон, црна рибизла, јагода, мандарина.

 

Loading...

 

Витаминот Д, кој нашето тело го произведува кога е изложен на сонце, помага да се апсорбира калциумот. Важен е за раст на клетките, зајакнување на имунитетот и ублажување на воспалението.

Добри извори се рибино масло, морска риба, млеко и млечни производи, жолчки од јајце, квасец, црн дроб.

Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој го штити организмот од слободните радикали. Витаминот Е го зајакнува имунитетот, го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем и промовира побрзо заздравување на раните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Знаци кои покажуваат дека не внесувате доволно калории во организмот

Добар извор на овој витамин се ладно цедени растителни масла, сончогледово масло, бадеми, кикирики, јајца, млеко, пченични никулци и зелен лиснат зеленчук.

Loading...

 

 

Витаминот Ф се нарекуваат незаситените масни киселини, иако тие немаат вистински витамински карактер.

Тоа помага да се спречи таложење на холестерол во артериите, ги потиснува срцевите заболувања и придонесува за здравјето на кожата и косата.

Природни извори се пченични никулци, семе од лен, семки од сончоглед, соја и кикирики.

Loading...

 

 

Витаминот Х во форма на коензими учествува во метаболизмот на мастите, протеините и јаглехидратите.

Го има во месото, јајцата, црниот дроб, бананите, печурките, грашокот, карфиолот, спанаќот, јаткастите плодови, какаото, а исто така го синтетизира цревната флора од масни киселини.

Loading...

Витаминот К е клучен за згрутчување на крвта. Без него, заздравувањето на раните не би било можно.

Може да се најде во спанаќ, коприва, јаглика, калинка, зелка, карфиол, црвена зелка, моркови, домати, јагоди, зелен чај, алги…