Водата во дел од руралните средини од кумановско небезбедна за пиење

Сподели со своите пријатели

Небезбедна за пиење е водата во дваесет проценти од селата во поширокиот кумановски регион, информираа од Центарот за јавно здравје Куманово. Укажуваат дека жителите на руралните средини треба често да ја испитуваат водата во центарот.

Loading...

– Во околу дваесет проценти од селата од кумановско водата е небезбедна за пиење. Имаме појава на ешерихија коли, бактерија која може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Во дел од испитаните примероци се забележува и поголема концентрација на нитрати, особено по врнежи. Нашите препораки се да не се консумира таа вода, изјави специјалист по хигиена, д-р Бедри Велиу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Седница на Локалниот совет за превенција по низата инциденти во Куманово

Селата од кумановско не се под градски водовод. Испитувањата се вршат на повеќе локации, пред сè училишта. Домаќинствата самите си носат примероци за испитување.

– Најдобро е испитувањата од бунари, бушотини да се вршат најмалку на три месеци, вели доктор Велиу.

Центарот ги испитува и чешмите од кумановска бања и таму испитувањата покажуваат дека водата е безбедна. Водата од ЈП „Водовод“ е исправна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје. Досегашните анализи кои ги спроведуваат Центарот, интерната лабораторија на претпријатието и Институтот за јавно здравје, покажуваат дека микробиолошкиот и хемискиот квалитет на водата се исправни.

– Освен редовни анализи, согласно законската регулатива се спроведуваат и дополнителни испитувања, така што не постои шанса неисправна вода да протече низ цевководот, појаснуваат стручните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученици од Куманово натепани додека чекале превоз кон дома

МИА