Во Велика Британија 20.890 новозаразени, починале 102 лица – Нотингем во највисоко ниво на тревога

Сподели со своите пријатели

Велика Британија денеска регистрира 20.890 нови случаи на коронавирус и 102 смртни случаи, покажуваат официјалните податоци.

Loading...

Бројот на нови случаи се зголеми во споредба со вчера, кога изнесуваше 19.790, најмалку во изминатите шест дена, додека бројот на смртни случаи падна од 151, колку што изнесуваше претходниот ден.

Во меѓувреме, британската Влада денеска одлучи Нотингем и некои соседни градови во централна Англија од четврток да ги стави во највисоко ниво на тревога поради Ковид-19.

Британската Влада воведе нов систем на рестриктивни мерки во средината на месецов, по големото зголемување на бројот на заразени лица во одредени делови на Англија, особено во северниот дел на земјата.

Системот се базира на три нивоа на прописи, секој со свои стандардизирани правила.

Оние делови од Англија каде епидемиолошката состојба е најкритична се опфатени со третото ниво на прописи. Во тие делови на земјата, забрането е мешање меѓу членови на различни домаќинства на отворен простор и во приватни дворови, а пабовите и кафулињата се затворени.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply