Во украинските напади во Белгород едно лице загина, а две се ранети

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина, а две се ранети во украинските напади во руската област Белгород, која граничи со Украина, изјави гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Loading...

„Градот Чебекино беше цел на украинските сили“, напиша Гладков на Телеграм.

Тој додаде дека двајца повредени цивили се хоспитализирани, а се здобиле и со рани од шрапнели.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило беспилотно летало над регионот Белгород.

Два дрона беа соборени над регионот Брјанск, исто така на границата со Украина, а уште три беа неутрализирани над Крим, објави Министерството на Телеграма.