Во тек се уписите во кумановската градинка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во тек е приемот на барања за запишување деца во ЈОУДГ „Ангел Шајче“ во Куманово. Родителите ќе можат да аплицираат во текот на целото лето, а комисијата што ќе одлучува за приемот на новите деца ќе заседава на 17 август.

Од градинката информираат дека годинава 372 деца ќе го продолжат образованието во основните училишта, со што ќе се ослободат дел од капацитетите за прием на нови деца.

– На училиште ќе заминат 372 дечиња, што значи дека во септември се ослободува место за прием на нови деца. За да се запише едно дете потребно е најпрвин да се запази најважниот, односно првиот чекор, а тоа е поднесување на барање. Барањата ќе се прибираат во текот на целото лето, ние работиме секој ден и родителите можат да ги поднесат со извод од детето и две лични карти од родителите. Комисијата ќе заседава на 17 август, а по нејзината одлука ќе бидат објавени списоците со примени деца во секој објект“, изјави директорката Ивана Николиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

 

 

Таа посочи дека иако во септември ќе заминат 372 деца, тоа не значи дека ќе има исто толку слободни места, бидејќи градинката веќе работи со проширен капацитет.

„Сакам да им укажам на родителите да имаат разбирање кон нас и кон слободните места што ги имаме. Не секогаш сме во можност да им излеземе во пресрет за објектот што се наоѓа најблиску до нивното место на живеење. Потребно е децата да ги распоредиме онаму каде што имаме слободни места. Иако 370 деца заминуваат во училиште, тоа не значи дека имаме точно толку слободни места, затоа што веќе работиме со надминат капацитет, за што имаме согласност од Советот на Општина Куманово“, истакна Николиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер од кумановско возел мотор без дозвола, полицијата го привела

Во градинката функционираат и билингвални групи на македонски, албански и српски јазик, а и оваа година продолжува проектот за бесплатен престој на 20 деца Роми од социјално загрозени семејства.

Дополнително, преку проект на Општина Куманово финансиска поддршка можат да добијат и деца од социјално ранливи семејства, додека самохраните родители, доколку не бидат опфатени со проектот, имаат право на попуст од 20 проценти за престојот на детето во градинка.

Никола Ивановски