Украински дрон оштети објект на најголемата рафинерија за нафта во Москва

Сподели со своите пријатели

Украински дрон оштети објект во московската рафинерија за нафта во сопственост на компанијата „Газпромнефт“, објави денес градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Собјанин изјави на Телеграм дека нема жртви во нападот и дека службите за итни случаи работат на терен, но не прецизираше дали производството во најголемата рафинерија во Московскиот регион е загрозено.

Во 2024 година, рафинеријата преработила 11,6 милиони тони нафта и произвела 2,9 милиони тони бензин и 3,2 милиони тони дизел, според достапните податоци, објавува Ројтерс.

Според доставените податоци, бројот на напади со беспилотни летала врз руските рафинерии е двојно зголемен од почетокот на 2026 година, што довело до делумно или целосно затворање на одредени објекти и пад на производството на гориво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Дипломатскиот фокус на САД сега се префрла на војната во Украина

Рафинеријата „Газпромнефт“ го снабдува Московскиот регион, кој досега не бил меѓу областите со големи прекини во снабдувањето со гориво.