Во Средорек уапсени двајца бегалци од затвор

Сподели со своите пријатели

Во кумановската населба Средорек вчеравечер пред полноќ биле уапсени две лица, бегалци од ралзични затвори.

Loading...

– На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и  Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР; И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борбата на кумановскиот народ за храмот „Свети Никола“

Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.

– Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните, стои во соопштението.

Никола Ивановски