Во Театар Куманово, во среда, со почеток во 20.30 часот, Александар Богдановски пред кумановската публика ќе го промовира официјалниот видео-спот за народната песна: „Аир да не сториш мамо“.
Loading...
Песната е изворно кумановска. Задржувајќи се на нејзината основна мелодија, Александар и’ дава модерен и урбан израз со што музичкото културно наследство на Куманово им го приближува на денешните генерации.
Овој видео-запис е реализиран со помош на музичарот Слаѓан Станишковски и со поддршка од страна на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Промоцијата ќе биде збогатена и со интерпретација на неколку нумери.