Секој знае дека доларот е официјална валута на Соединетите Американски Држави, а исто така и една од омилените банкноти за штедење и чување за „црните денови“.
Сепак, малкумина знаат дека најголемата банкнота некогаш, била отпечатена во вредност од 100.000 долари!
Ова не е измама!
Банкнотите од 100.000 американски долари биле отпечатени во Америка од 1934 до 1935 година и биле наменети за тргување во рамките на системот на Федералните резерви. Тие всушност никогаш не влегле во оптек меѓу населението, а ликот на Вудро Вилсон бил на нив.
Тоа е најголемиот апоен печатен досега во Америка. Само 42 илјади од овие банкноти биле направени.
Иако престанале да се користат во текот на 1960-тите години по воведувањето на модерната банкарска технологија и сѐ уште се многу ретки денес, во теорија тие сѐ уште се сметаат за законско средство за плаќање.
Меѓутоа, во Америка е нелегално приватните колекционери да ги поседуваат, а федералната администрација уништила голем број од овие банкноти во изминатите децении.
Се верува дека сите преживеани банкноти од 100 илјади долари се денес во музејот Смитсонијан и филијали на системот на Федералните резерви.