Во пресрет на туристичката сезона реконструиран објектот на ПС Пелинце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Објектот на граничната полициска станица Пелинце е целосно реконструиран во пресрет на туристичката сезона и зголемениот обем на работа.

Loading...

 

 

Денеска увид во извршената реконструкција направи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој истакна дека ова е 80-ти реконструиран објект на МВР.

 

 

Loading...

– Граничниот премин од денеска ќе функционира со две нови механички рампи со далечинско управување, канцелариски мебел, поставени нови знамиња и јарболи, реконструиран под, електрична инсталација што е значитална реконструкција во однос на условите од претходно, рече Спасовски.

 

 

Во 2022 година, токму преку Граничниот премин Пелинце минале 194.000 патници, од кои најголем дел во туристичката сезона, односно 145.940 лица во јуни, јули и август.

 

 

Loading...

Реконструкцијата е направена со донација од околу 617.000 денари од страна на Меѓународната организација за економски развој во соработка со македонското полициско здружение ИПА Македонија.

 

 

Објектот на Полициската станица Пелинце е превземен од Армијата во декември 2004 година.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски