Во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, денес во посета на Дневниот центар ”Порака Наша” беа претставнички од Форумот на жени на ОО на СДСМ Куманово.
Посетата воедно се вклопува и со одбележувањето на манифестацијата ”16 дена женски активизам” при што денешната посета беше искористена како на членовите на оваа здружение, жените – партиски активстки на СДСМ ќе им подарат торта и подароци.
Здружението ”Порака Наша” деновиве одбележа деветгодишно постоење и во моментот згрижува 21 член со континуирани проекти спроведени на планот на социјализација и инклузија на лицата со попреченост во секојдневниот живот.
По повод 3 Декември- Светскиот ден на лицата со интелектуална попреченост, здружението ”Порака Наша” ќе одржи промоција на краткиот документарен филм посветен на лицата со интелектуална попреченост, изработен од корисниците на дневниот центар Порака Наша, а во продукција на ТВ Плус Куманово.
Документарниот филм ќе биде прикажан во повеќето основни и средни училишта во нашиот град.