Во петок се отвора биеналната изложба “Скулптури на новото време 2015“

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на Н.У Центар за култура “Трајко Прокопиев“ Куманово, во петок /18 септември/ со почеток во 20 часот  ќе биде отворена биеналната изложба на скулптури “Скулптури на новото време 2015“.

Loading...

Изложбата претставува пресек на работата на академските скулптори од повеќе генерации од Македонија и како таква се обидува да ја актуализира  моменталната скулпторска продукција.

Оваа година учество земаа авторите: Горан Ѓорев, Никола Смилков, Ангел Коруновски, Сашо Саздовски, Томе Бундевски, Бранко Величковски, Андреј Митевски, Марјан Стојаноски, Емил Солески, Стојче и Емилија Тоциновски, Виктор Лазароски, Стојмир Петров, Атанас Атанасоски, Перо Кованцалиев, Анета Божинова, Ибрахим Беди, Влатко Зафирковски, Сергеј Дамовски, Александар Јанев, Јордан Јанев – Дане и Гордана Хаџи-Николова Малашев.