Во Мексико уапсен поранешен јавен обвинител

Сподели со своите пријатели

Поранешниот мексикански јавен обвинител Хесус Муриљо, кој служел во времето на поранешниот мексикански претседател Енрике Пења Нието, е уапсен под обвинение за присилно исчезнување, тортура и попречување на правдата при исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година, соопштија мексиканските власти.

Loading...

Канцеларијата на јавниот обвинител преку соопштение за медиумите објави дека федералната полиција извршила налог за апсење на Хесус М., а извор од канцеларијата потврдил за Ројтерс дека станува збор за Муриљо.

Тој служеше како јавен обвинител од 2012 до 2015 година. За тоа време, Муриљо ја надгледуваше силно критикуваната истрага за исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Меѓународните правни експерти ја критикуваа официјалната истрага, за која рекоа дека е преполна со грешки и злоупотреба, а актуелниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, вети по преземањето на функцијата во 2018 година дека ќе расчисти што се случило во случајот со исчезнатите студенти.