Во Матејче одбележан празникот Мала Богородица (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс во селото Матјче во Липково денеска беше одбележан празникот Мала Богородица.

Loading...

 

 

Голем број верници денеска присуствуваа на светата литургија во манастирскиот комплекс кој се реконструира.

Министерството за култура издвои финансиски средства за реконструкција и реставрација на овој религиски објект, кој беше оставен на забот на времето и крадците по војната од 2001 година.

 

Loading...

 

Комплексот во Матејче некогаш имаше и детско одморалиште, кој беше воздушна бања во која летуваа генерации младинци и деца.

Храмот посветен на Богородица, лоциран над селото Матејче, е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Сместен е на планинскиот масив на Скопска Црна Гора, манастирот ги отсликува врвовите на средновековната ликовна продукција на македонската територија.

 

 

Манастирската црква е изградена во XIV век од страна на цар Душан, а по неговата смрт, неговата сопруга Елена и неговиот син Урош ја доградиле и живописале.

Loading...

Претходните години надлежните институции одвоија средства во годишната програма за проекти зд областа на заштитата на недвижното наследство.

 

 

Во 2021 година НУ Национален конзерваторски центар беше одобрен и е проект за заштитни интервенции на архитектурата и ѕидното сликарство на црквата во Матејче во износ од 1.000.000 денари.

Во текот на 2020 година на барање на надлежната установа НУ Национален конзерваторски центар беа одобрени 300.000 денари за реализација на ургентни превентивни интервенции на црквата Успение на Пресвета Богородица во манастирот Матејче.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

 

Loading...

 

Проблем не е само лошата состојба на манастирот туку и патот кој води до таму, а во поголем дел од годината едвај е прооден дури и за теренски возила.

Никола Ивановски / фото: Општина Куманово