Во Македонија денес доаѓа Викторија Нуланд – утре Јоханес Хан

Сподели со своите пријатели

Американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд задолжена за европски и евроазиски прашања денеска ќе ја посети Македонија. Таа ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претставници на политичките партии.

Loading...

Како што соопшти МНР, на средбата ќе се разговара за досегашниот развој на односите меѓу двете држави втемелени во Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка, како и за взаемно истакнатиот интерес за нивно натамошно унапредување во сите области од заеднички интерес.

По Нуланд во вторник во Македонија најавено е доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој ќе се обиде да издејствува договор меѓу политичките лидери во земјата со цел ставање крај на политичката криза.