Вкупно 17 пијани возачи биле казнети на подрачјето на Куманово во текот на изминатата ноќ, информираат денеска од полицијата.
Loading...
– На (16/17.04.2022) од 22.00 до 04.00 на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 19 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Најголем дел од казните или 17 биле изречени во Куманово, и по една во Крива Паланка и Кратово.
Никола Ивановски